На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи на ГП Деве Баир, во автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer).
Растворите Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, биле скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење.
Како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство.
Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.






