Денеска се назначени нови директори на Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија откако вчера министерот за здравство, Беким Сали побара оставка од досегашните.



Директорите Софијанова и Васев поднесоа оставки

Како што дознава „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова.

Оставките вчера ги доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.