Кај дете кое одело во градинка во Загреб потврдено е зараза со коронавирус , јавува порталот „Индекс.хр“.
Одлучено е градинката да не работи во наредните 14 дена, а 119 дечиња да се стават во самоизолација, а истата мерка ќе важи и за 16 вработени во установата.
Од понеделник и Хрватска ќе ги затвори градинките, училиштата и факултети, објави премиерот Андреј Пленковиќ.






