Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, вели дека пописот ќе придонесе за привлекување странски инвеститори, но и повисоки плати на ангажираните работници во ТИРЗ.



„Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во земјава, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила.И токму затоа пописот апсолутно и директно влијае врз одлуката на инвеститорите да вложат во Северна Македонија, и секако тоа што е многу важно, влијае врз структурата односно на висината на платите што овие компании ги даваат на работниците кои ги ангажираат“, вели Деспотовски.

Во видео обраќањето Деспотовски вели дека целта е до 2024 година вработените во компаниите кои се веќе активни во ТИРЗ да добиваат 30-50 проценти поголеми плати.