Десковски за Димитров: Ќе те втера во дупка па ќе ти кажува колку е длабока

Професорот од катедрата по меѓународно приватно право на Правниот факултет во Скопје ја коментира изјавата на екс министерот за надворешни работи Никола Димитров кој вели дека францускиот предлог е дебакл на македонската дипломатија а самиот го потпиша договорот со Бугарија.



Професорот забележува дека Димитров во договорот од 2017 не поставил клаузула со која Софија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

,,А дебаклот е втемелен на Билатералниот договор за добрососедство, во кој дотичниот договорил само неставање бугарско вето за НАТО. Со тоа, на Бугарија широко и ги отворил портите за вето за ЕУ.
Прво ќе те втера в дупка, па ќе ти објаснува колку длабоко си внатре”, пишува Десковски за изјавата на Димитров.