Дескоски: Сонцето од Кутлеш, нашата држава го прифаќа како дел од елинската цивилизација

Професорот Тони Дескоски од правниот факултет вели дека не може да се оспорува употребата на знамето со 16-кракото сонце врз основа на договорот со Грција од страна на приватни лица, односно граѓани, во случајот со судењето на адвокатот и активист за човекови права, Тони Менкиноски, но остава резерва…



„Сонцето од Кутлеш, односно Вергина, нашата држава го прифаќа како дел од елинската цивилизација, со која нашата држава нема директна врска. Колку што ми е мене познато, употребата на овој елински симбол не е забранета, ниту пак е казнива, доколку употребата е за лични цели“ вели Дескоски за „Плусинфо“.

Тој вели дека комерцијалната употреба е врзана со правилата за интелектуалната сопственост.

„Оставам резерва дека можеби има некоја инкриминација во Кривичниот законик“, вели професор Десковски.