Дескоски: Да му се прави клуб на хитлеровиот квислинг е сп*дачина со НОБ

Кој парадокс.



Дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција.

Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на Македонскиот народ, објави на Фејсбук проферор Тони Еескоски.

Според него, тоа е и ругање со слободарска Битола.

„Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата.

И да сме на јасно, ова не е проблем само на бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава.

Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен.

п.с. Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“, пишува Дескоски..