Министерката за правда денеска изјави дека с’е уште нема конечен став дали ќе има измени на законската регулатива за организирање и спроведување на референдумот.
„Во моментов немаме донесен конечен став околу тоа дали ќе се оди со измена на Законот за референдум или не. Имаме предвид дека станува збор за закон кој е стар и не е усогласен со Изборниот законик“, изјави министерката Дескоска.
Во врска со референдумското прашање Дескоска вели дека тоа ќе биде дефинирано Собранието, пренесе НОВА ТВ.
Експерти деновиве побараа да се разгледа можноста да се намали изборниот цензус зашто сегашниот не овозможувал граѓаните вистински да го изразат својот став на рефередумот за промена на името.





