Поранешната министерка за правда Рената Дескоска се спротивстави на забраната на користењето на терминот „Македонија“ во името на граѓански здруженија од нејзиниот наследник и сегашен министѕер Бојан Маричиќ.
„Додека јас бев министер беа одобрувани сите барања за употреба на овие термини. Од позвучните имиња што во мое време добија дозвола за користење на името Македонија е фирмата „А1 Македонија“, која е ребрендиран ВИП. Нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот ‘Македонија’, ‘Македонци’, ‘македонско’. Името ‘Северна Македонија’ е обврска при официјална комуникација“, објасни Дескоска за весникот „Слободен печат“, нагласувајќи дека ни во Преспанскиот договор нема забрана за користење на „Македонија“ во приватни ентитети што не се финансирани од државата.





