Дескоска излегува од политика – се враќа на Универзитет

Досегашната министерка за правда, Рената Дескоска се повлекува од извршната власт и се враќа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ како професор по уставно право и политички систем.



„Јас најавив пред извесно време дека сакам да се вратам на мојата професија и да се посветам на стручна работа. Секако, Владата, премиерот Заев и кој и да е новиот министер за правда ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка“, изјавила Дескоска за ТВ 24.