Десетте најмалку платени дејности во Македонија

На дното со просечни плати во Македонија се наоѓаат вработените во заштитни и истражни дејности каде просечната плата изнесув 16.216 денари или плата која е за 12.929 денар помала од просечната плата во Македонија,објави порталот „Пари“.



Потоа следуваат Производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата од 17.873 денари, додека Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата со просечна плата од 18.131 денари.

Вработените во производство на облека земаат просечна плата од 18.864 денари а веднаш под нив се Вработените во дејности за подготовка на оброци и служење на храна се со просечна плата од 19.754 денари.

Вработените  во дејноста објекти за сметување и сервисни дејности со храна имаат просечна плата од 21.082 денари.

Оние во производство на мебел земаат просечна плата од 21.180 денари, а по нив следат вработените во дејноста Рибарство и аквакултура со просечна плата од 21.335 денари.

Во дејноста Производство на кокс и рафинирани нафтени производи вработените се со просечна плата од 21.421 денари.

На 10-то место во листата со најниски просечни плати се вработените во дејноста преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски мебел имаат просечна плата од 21.486 денари.

Во Македонија, само една дејност има примања речиси три пати повесока од просечната плата, а тоа се вработените во дејноста Комјутерско програмиртрање консултатски и сродни дејнсти.