Десетте најбогати семејства на светот

Десетте најбогати семејства имаат шокантен групен приход од неверојатни 3,4 трилиони американски долари, што е колку и вкупниот БДП на Германија, Велика Британија и Франција, пишува Б92.



10. Семејството Дима од Франција, сопственик на марката Хермес, има богатство во вредност од 49,2 милијарди долари. Првите пари за семејството ги заработи покојниот Тири Хермес во 1837 година. Во 21 век, овој бренд прерасна во глобален моден бренд.

9. Семејството Брин од САД, нивното богатство се проценува на 51,1 милијарди долари. Сергеј Брин е Интернет моќник и ко-основач на компании меѓу кои е и Google.

8. Богатството на семејството Амбани од Индија се проценува на 52,3 милијарди американски долари. Дирубај Амбани беше ко-основач на Reliance Industries.

7. Семејството Пејџ на САД има богатство проценето на 52,4 милијарди американски долари. Лери Пејџ е ко-основач на Google.

6. Семејството Албрехт од Германија има богатство во вредност од 53,5 милијарди долари. Парите ги направиле двајцата браќа Карл и Тео Албрехт, кои се основачи на супермаркетот „Алди“.

5. Семејството Чакри од Тајланд. Нивното богатство се проценува на 60 милијарди долари. Семејството Чакри владее со Тајланд последните 237 години и има особена почит кај народот.

4. Семејство Елисон од САД. Тие тежат дури 61,8 милијарди долари. Лери Елисон е ко-основач на глобалната корпорација „Оракл“.

3. Семејство Закерберг од САД. Нивното богатство се проценува на 63 милијарди долари.

2. Семејството Слим од Мексико има богатство во вредност од 64,9 милијарди долари. Ова семејство беше најбогато во светот помеѓу 2010 и 2013 година.

1. Семејството Марс од Соединетите држави се најде на првото место меѓу најбогатите семејства во светот. Нивното богатство се проценува на 70,8 милијарди долари. Тие го поседуваат Марс. (Б92)