Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.
Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште, при што загинаа девет ученици и еден чувар, јави српски „Курир“.
Несреќното девојче починало во Универзитетската детска клиника „Тиршова“ поради тешките повреди на главата. И покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.
Министерството за здравство соопшти дека почина повредената ученичка во ОУ „Владислав Рибникар“.
Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“, почина утрово и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување.
Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче.







