Десет лидери на Европската унија, ќе се состанат во Брисел викендов  и ќе се заложат за понатамошно ограничување на „нелегалната миграција“ во Европа и ограничување на движењето на барателите на азил низ ЕУ.



Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретне со нејзините колеги од Франција, Италија, Грција, Шпанија, Малта, Бугарија, Белгија и Холандија на итен самит за миграција, прашање што ја загрозува стабилноста на владејачката коалиција во Германија.

Полска, Унгарија и Чешка, кои ја отфрлија програмата за квоти и прием на азиланти,  нема да присуствуваат на состанокот во неделата.

Следниве се клучните елементи на нацрт-заедничката декларација за состанокот, кој ја поставува сцената за поширока дебата за миграција од страна на сите лидери на ЕУ на 28-29 јуни и за која Меркел се надева дека ќе помогне да се смири нејзиниот коалициски партнер, Христијанската социјална унија (ЦСУ)

Десетмината ќе ги утврдат клучните елементи од нацрт-декларацијата која треба да се најде на Самитот на ЕУ на 28-29 јуни меѓу кои : да се намалат пристигнувањата, да се засилат надворешните граници на Унијата, да се одвојат повеќе ресурси и опрема за граничните служби, за крајбрежната стража; ќе работат повеќе со земји како што се Алжир, Египет, Либија, Мароко, Нигер и Тунис за „понатамошно намалување на бројот на пристигнувања во Европската унија“; поголема поддршка, финансиск и друга, на земјите од првите редови, како што се Италија и Грција;  ќе поддржат организирање на “поголеми капацитет за заштита и прифаќање надвор од ЕУ“ за бегалците и мигрантите…