До 12:00 часот денеска излез од граничниот премин „Богородица“ оствариле вкупно 7.433 се македонски и 2.195 се странски државјани, информираат од Полициската станица при Граничниот надзор, дознава Канал 5.



Вчера, преку ГП „Богородица“, кон Грција поминале 5.785 се македонски државјани. Денеска е неработен ден по по повод Денот на независноста, но извесно е дека многи институции го споиле четвртокот со престстојниот викенд,без разлика на работниот петок.

На граничниот премин „Богородица“ нема поголеми задржувања, односно како што информираат се чека околу 30 минути.

На граничниот премин „Стар Дојран“ во период од 11:00 часот на 7 септември до 11:00 часот денеска излез оствариле вкупно 2.390 патници, од кои домашни 1.873 и странски државјани 517.

Задржување на ГП „Стар Дојран“ за излез од државата е околу 15 минути.