Десетици цивили биле убиени или повредени при воздушен напад на коалицијата предводена од САД во источниот дел на Сирија, соопшти сириската државна новинска агенција Сана.



„Повеќе од 60 мртви и ранети цивили е резултатот од нападот на меѓународната коалиција на селото Ал Шаафа во источната провинција Деир ез Зор“, цитира Сана локални извори.

Најмалку 15 цивили беа убиени во друг нападна градот Хаџин, објавија локалните медиуми претходно.

Во провинцијата Деир ез Зор, се уште има територии под контрола на терористичката група ИСИС(Исламска држава).