Во вооружен напад во Колорадо, САД , убиени биле десет лица, меѓу кои и полицаец а напаѓачот е уапсен.



Ова е втор ваков вооружен напад во САД во последната седмица, по вооружениот напад во салон за масажа во Атланта во кој минатиот вторник беа убиени осум лица, меѓу кои шест жени со азиско потекло.

Како што јавуваат медиуми, полицајци го извеле осомничениот од супермаркетот со лисици на рацете, но не се соопштува бил мотивот за нападот.

„Ова е трагедија и кошмар за округот Болдер. Добивме соработка и поддршка од локалните, државните и федералните власти“, изјави обвинителот Мајкл Доерти непосредно после нападот.