Десет месеци по учество во ТВ-емисија, проверени ќелиите на терористите од Диво Насеље

Цели 10 месеци откако учествуваа на две ТВ емисии во Косово и Албанија денеска полицијата влезе во ќелиите на осудените терористи од здиво Насеље.



При претрес изутрината во 5 часот во затворот во Идризово во ќелиите на осудените од „Диво насеље” се пронајдени мобилни и други недозволени средства.

Од Управата за извршување на санкции информираа дека по наредба на судот, со асистенција на полицијата утрово во КПД Идризово е извршен претрес во неколку ќелии, при што се откриени и одземени повеќе предмети кои се предадени на вештачење.

Акцијата поминала без инциденти.

Останува нејасно зошто затворската управа не ги одзела досега овие предмети и зошто нема одговорност од директорот на затворот.