Изјавата на израелската ѕвезда и продуцент Гал Гадот дека за потребите на новиот филм за Египетската фараонка Клеопатра барала македонска актерка затоа што таа била Македонка предизвика дебати во грчката и меѓународна јавност од политички размери.
Гадот на крајот сама решила да ја глуми Клеопатра откако наводно не успеала да најде Македонка за филмот.
Во овој текст expres.mk не дебатира дека Клеопатра била Македонка туку се обидува да покаже дека во Македонија има одлични актерки кои со успех би ја играле египетската владетелка.
Сите 10 ги задоволуваат естетските критериуми, зборуваат англиски јазик и се на возраст која може да ги покрие потребите за улогата на Клеопатра која починала на 40 годишна возраст.
Во оваа прилика само за 10 од нив иако ги има повеќе:

Ана Стојановска е родена на 29 јули 1988 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Кирил Ристоски и вон. проф. Зоја Бузалковска во 2010 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

Сања Арсовска
(1986, Штип)
Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности Скопје (2009). Работи во Драмски театар Скопје од 2013 година. Покрај настапите на матичната сцена, соработува и со другите театри и на независната театарска сцена во Р. Македонија. Детската публика ја препознава по ликот на Мина од детската телевизиска серија „Петко“ (ОХО Продукција)

Тина Трпкоска е родена на 20 мај 1988 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Фaкултетот за драмски уметности,Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владо Цветановски и доц. Мими Таневска, во 2011 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

Валдета Исмаили – Зулфији
(1975, Скопје)
Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности Скопје (2000). Работи во Министерството за култура, сектор меѓународна културна соработка. Работи во Драмски театар Скопје од 2010 година.

Сашка К. Димитровска е родена на 9 јули 1978 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 2001 г. Од 2006 г. работи во Македонски народен

Емилија Мицeвска
(1987, Скопје)
Дипломомира актерска игра на Факултетот за драмски уметности Скопје (2014). Работи во Драмски театар од 2014 година.

Јелена Јованова е роденa на 21 октомври 1984 г., во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владо Цветановски, во 2007 г. Од 2009 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

Александра Павлова
(1987, Скопје)
Дипломира и магистрира науки за уметнички претстави (театар, филм и музика) на Државниот универзитет Болоња, Италија (2011). Стипендист на прогамата Overseas на постипломските студии за филм и мултимедија продукција на Универзитетот Висконсин Медисон, САД (2009-2010). Работи во Драмски театар Скопје од 2012 година.

Арна Шијак е родена на 30 април 1976 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје на отсекот актерска игра во 1999 г. Од 2010 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

Јана Стојановска
(1985, Скопје)
Дипломира на актерска игра на Факултетот за драмски уметности (2013). Работи во Драмски театар Скопје (2013-)
Веста за филмот Клеопатра
Гал Гадот за Би-Би-Си: Факт е дека Клеопатра била Македонка (ВИДЕО)
Фото МНТ, Драмски театар, Социјални мрежи
На вицепремиерот не му се погодија советниците
Уште еден советник на Груби со досие, МВР одзела прашкаста материја од Касапи






