На Европа и требаат 10 години за да стане целосно подготвена да се брани, предупреди извршниот директор на големата германска компанија за оружје „Рајнметал“ (Rheinmetall), Армин Пејпергер, цитиран од Би-Би-Си.
Во моментов, складиштата за оружје на континентот сега се празни, тврди Пејпергер бидејќи Европа испратила огромна количина муниција во Украина, оставајќи малку за себе.
Шефот на „Рајнметал“ зборуваше за Би-Би-Си на церемонијата за одбележување на почетокот на изградбата на голема фабрика за оружје за неговата компанија.
Присутни беа и сојузниот канцелар Олаф Шолц и министерот за одбрана Борис Писториус, како и данската премиерка Мете Фредериксен.
Шолц: Итно почнуваме со масовно производство на оружје
Пејпергер ја даде оваа изјава само еден ден откако Доналд Трамп изјави дека додека бил претседател, му рекол на лидерот на земја членка на НАТО дека ако не ги зголеми трошоците за одбрана, тој ќе ја „охрабри“ Русија „да прави што сака“.
Шефот на Рајнметал предупреди дека ќе биде потребно „долго време“ да се подготви против „агресор кој сака да се бори против НАТО.
„За три или четири години ќе бидеме добро, но за да бидеме навистина подготвени ќе ни требаат 10 години“, предвиде тој.
Според проценките на Пејпергер, неопходно е да се произведат „1,5 милиони парчиња муниција во Европа“.






