Канцеларијата на Володимир Зеленски соопшти дека Украина веќе има поддршка од 10 земји од блокот да се приклучат на НАТО и тоа само 48 часа откако претседателот поднесе барање за брзо интегрирање на земјата во Алијансата.
Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот, на Твитер напиша дека тоа се „главно земји кои се сеќаваат на отровните канџи на Руската империја“.
„Ние сме благодарни за лидерството и одговорноста. Историјата се пишува денес“, додаде тој.
Зеленски во петокот објави дека аплицира за членство во НАТО и го потпишал барањето за забрзан влез во безбедносната алијанса од 30 нации.






