Потребни се околу 50 дена за ажурирање на Избирачкиот список, вели првиот човек на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, по одлуката на Владата која синоќа ја измени Уредбата за изборниот процес, со што, изборите треба да се одржат на 5 јули.
„Во Изборниот законик е предвидена посебна методологија за ажурирање и прочистување на Избирачкиот список. И сега таа методологија наеднаш не важи“, иозјавуи дерковски за „360 степени’.
„Не можеме новите гласачи само да ги прикачиме на Избирачкиот список врз основа на уредба со која се дерогира Изборниот законик“, вели Деркоски посочувајќи и на мислење на Уставниот суд, според кое уредбите донесени за време на вонредна состојба не можат да ги поништат законите што се во сила.





