Дерковски: Ќе има цензус в недела

На прес- конференција во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски изјави дека верува оти в недела ќе биде избран претседател на државата и ќе биде исполнет потребниот цензус.



Тој очекува изборниот ден да биде чист, фер и демократски, што е предуслов за многу други работи кон кои што се стреми државата.

На Единствениот избирачки список кој е заклучен на 29 март регистрирани се 1.808.131 гласачи , а за да се оствари потребниот цензус, на гласање треба да излезат 723.253 гласачи.

Утрово со големо обезбедување од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола тргна изборниот материјал за вториот круг од претседателските избори кој ќе се одржи в недела, јави ТВ Тера.

„Фалсификаторите да не се мачат да се обидуваат, бидејќи овие ливчиња се презаштитени и не постои можност за фалсификат“, рече директорот на печатницата Драги Милошевски.