Дерковски: Ако нема цензус, ќе се распишат нови избори!? (ВИДЕО)

„Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори“, вели претседателот на Држаѝвната изборна комисија Оливер дерковски во интервју за Радио Слободна Европа.



Дерковски вели дека на тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што е сега случајот од група на избирачи или од најмалку 30 пратеници или можат да бидат други кандидати.

„Значи нема ограничувачки фактор во таа смисла, меѓутоа треба веднаш да се распишат и одржат изборите“, вели тој.