Деркоски: Ако нема цензус, претседателските ќе пропаднат во првиот круг

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски не сака да лицитира со можноста за успешност или не на претседателските избори,  но вели дека ако и во првиот круг нема потребна излезеност тогаш изборите ќе пропаднат.



На хипотетичкото прашање на Прес 24 доколку во првиот круг излезеноста е под уставните 40%, дали тоа може да го стави под знак прашање легитимитетот на целиот изборен процес и што во една таква ситуација, Дерковски вели:

„Во таква ситуација се распишуваат нови избори кои ќе треба да се одржат за 40 дена“, вели Деркоски во интервјуто за Прес 24.