Дер Штандард: Трагедијата на најкорумпираната земја во ЕУ

Бугарија денес важи за најкорумпирана земја во Европската унија, која е заглавена длабоко во калта на непотизмот и криминалната олигархиска мрежа, пишува Пол Лендвиј во колумна за австрискиот весник „Дер Стандард“.



„Тринеделните протести во Бугарија против десничарската конзервативна влада и отворениот конфликт меѓу претседателот поддржан од социјалистите, Румен Радев и долгогодишниот премиер Бојко Борисов, конечно го привлекоа меѓународното внимание кон неподносливите услови во најсиромашната членка на Европската унија. Историјата на малата балканска земја по пристапувањето во Европската унија пред тринаесет години е хроника на неисполнети надежи и разочарувања.

Бугарија денес важи за најкорумпирана земја во ЕУ, која тоне подлабоко во мочуриштето на непотизам и криминални олигархиски мрежи за време на владата на Борисов, која владее повеќе од една деценија.

Населението драматично се намали во последните 25 години, од девет на седум милиони. Повеќе од два милиони луѓе ја напуштија земјата поради немање перспектива, а експертите очекуваат уште 20 проценти намалување до 2050 година.

Борисов (61), како градоначалник на Софија и тогашен претседател на неговата проевропска партија, ГЕРБ, успеа со тактички отстапки да ги надигра своите противници.

Овој пат, гневот на илјадници млади демонстранти е насочен главно против Борисов и генералниот обвинител, кои се обвинети за корупција“.

Повеќе на БГНЕС