Денков доби мандат за состав на бугарска влада

Шефот на бугарската држава Румен Радев му го додели мандатот да формира влада на поранешниот бугарски министер за образование Николај Денков.



Кандидатот за премиер Денков е предлог на партијата „Продолжуваме со промената“, има рок од 7 дена да формира влада, но може да очекува сигурна поддршка од 109 пратеници, пишува БГНЕС.

Минатата недела, двете најголеми бугарски политички партии, централно-десничарскиот ГЕРБ и прозападниот блок предводен од партијата „Продолжуваме со промена“ на Денков, се согласија да формираат коалициска влада со ротирачки премиер за ставање крај на политичката криза која трае повеќе од две години.

На изборите на 2 април прв беше ГЕРБ, кој освои 69 од 240 пратенички места, додека партијата „Продолжуваме со промените“ освои 64 пратенички места.