Бугарски европратеници од десничарска провиниенција влегоа во вербален судир со пратеници на либералите и Зелените поради блокадата на Македонија во ЕУ, во Европскиот парламент во Стразбур, на седница на која гостин беше бугарскиот премиер Николај Денков.
Германски европратеник во клинч за Македонија со бугарските колеги и премиерот Денков во Стразбур
Бугарскиот премиер наведе дека неговата земја нема други барања освен она што беше договорено минатата година со таканаречебниот француски предлог.
„За жал, низ годините нашите односи се влошија, и не мислам дека Бугарија е виновна за тоа. Затоа, сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема никакви други барања кон Северна Македонија, освен оние наведени во одлуката на ЕУ од минатата година. Денес нема односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, има односи меѓу Северна Македонија и ЕУ. Тие мора да се исполнат од Северна Македонија за да се отвори преговарачкиот процес. И од тој аспект, не прифаќам никаква критика за нашата земја“, рече Денков.







