Денко Малески ги анализира етничките Македонци и македонците етнички Бугари

Во својата најнова колумна за неделникот Фокус екс министерот за надворешни работи Денко Малески кој не ја спори бугарската теза за македонците како Бугари пред 1945 година анализира став на претседател на бугарската Македонска Патриотическа Организација од САД кој тврди дека има Македонци како етнички Македонци и Македонци како етнички Бугари.



,,Сакам Република Македонија да биде нашиот Израел… да биде обединувач во рамките на Републиката и ширум светот, република со која ќе се гордеат сите Македонци, независно од нивните политички и етнички предиспозиции и Македонија во која тие што се идентификуваат како етнички Македонци, имаат волја да ги признаат оние Македонци што се идентификуваат себеси како етнички Бугари, и обратно, смета Ник Стефанов”, пишува Малески во кратката најава што ја објавува Фокус во своето онлајн издание.

Во овој објавен дел од текстот не се гледа најјасно дали Малески ја поддржува оваа контроверзна теза на Стефанов.

Целата колумна на Малески во печатеното издание на Фокус.