Денеска застаре делото на Мијалков за случајот „Титаник 2“

На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков денеска му застаре делото за случајот „Титаник 2, откако Апелационен суд минатиот понеделник ја одложи седницата за 13 април.



Ова значи дека нему нема да му се суди за изборните нерегуларности.

Случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности двапати влезе во судница во Кривичниот суд и вторпат е во Апелација. Мијалков се гонеше за примање награда за противзаконито влијание.

Предметот го судат претседателот на Советот, Ѓоко Ристов, како и судиите Тања Милева, Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски.

Првата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичниот суд. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново ги прогласија обвинетите за виновни.

На повтореното судење ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.