Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.






