Високи функционери на Франција, Германија и Полска денеска доаѓа во земјава на разговари со државниот врв, но и со пратениците за процесот на преговори на Македонија со ЕУ и обврските што ги има државата, меѓу кои се – уставните измени.
Таканаречената „Вајмарската тројка“ ја сочинуваат државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција Лоранс Бун, германската министерка за Европа Ана Лирман, како и полскиот министер за ЕУ Шимон Шинковски вел Сенк.
Ова е втора министерска тројка што за помалку од една недела доаѓа во Скопје. Минатиот пат во Македонија беа министрите за надворешни работи на Австрија – Александар Шаленберг, Чешка – Јан Липавски и Словачка – Мирослав Влаховски.
Шалеберг: Или уставни измени или…
Домакин ќе биде вицемиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој утре ќе одржи работен состанок со гостие, а тема ќе бидат преговорите со ЕУ, како што информираат од СЕП, и исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.
„Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.







