Денеска требаше да има избори!

Предвремените парламентарни избори за кои се договорија минатата есен лидерите на партиите на средбата кај шефот на државата, Стево Пендаровски требаше да се одражт денеска.



Поради епидемијата на коронавирусот, десеттите парламентарни избори, беа одложени и, она што се уште е во рамките на оптимистилчка претпоставка, е дека најраниот термин за одржување на вонредните и одложени парламентарни е – првата половина од јуни.

Владата на 22 март донесе Уредба за времено суспендирање на изборните активности.

Новиот датум за одржување на изборите зависи од тоа кога ќе заврши вонредната состојба во земјава.