Денеска треба да се потпише договорот за платите во администрацијата

Владата и синдикатите денеска треба да го потпишат општиот колективен договор за покачување на платите од 10 отсто од на есен и 10 илјади денари регрес за годишен одмор . Ваквото решение ќе важи до 2025 , од кога платите ќе се пресметуваат според просечната плата , а К-15 ќе биде 30 отсо од висината на просечната плата во изминатата година
Постигнатото решение на последниот ЕСС ги раскара синдикатите Од СОНК велат дека треба да биде на ниво на 14 отсто, согласно растот на трошоците за живот и инфлацијата
Од ССМ претходно објаснаа дека договореното е дел од Општиот колективен договор , а секој синдикат посебно може ад побара и да преговара за повеќе .
Потпишувањето на општиот колективен договор доаѓа по низа штрајкови и протести , а разговорите се интензивираа откако УЈП и Царина се заканаа со генерален штрајк.