Под влијание на топлотниот бран што го зафати југот на Европа, и денеска како и во следниот период ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени.
Топлотниот бран „Кербер“ беснее над Европа
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, максималната ќе достигне од 34 до 42 степена а УВ индексот – 10.
Утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

 
             
		






