На денешната лидерска средба на претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, во 14 часот во Клубот на пратеници се очекува да биде постигнат финален договор за формирање нова влада.
Од СДСМ, вчера сопопштијас дека е постигнат сериозен напредок во преговорите за нова Влада.
Во недостиг на информации, дел од медиумите вчера шпекулираа дека ДУИ попушти и вече не инсистира на премиерското место, но затоа го добиваат Министерството за внатрешни работи, одбрана заедно со едно вицепремиерско место и позицијата генерален секретар на Владата.
За ова нема потврда ниту од СДСМ ниту од ДУИ.





