Денеска сончево и топло, од утре дожд

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, велат од УХМР.



Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната утринска температура е 0 степени во Маврово, а максималната ќе достигне до 24 степени во Гевгелија.

За утре, пак, УХМР најавува променливо облачно, а на повеќе места и поројни врнежи од дожд.