Познатиот манастир Свето Преображение Господово кај Крушево, кој особено се издигна по заслуга на големиот Тоше Проески, денеска ќе биде осветен.



Крушевско-демирхисарскиот Митрополит г. Јован донел одлука за негово осветување, откако целосно е завршена изграбата, што траеше долги години, јавува „Слободен печат“.

Чинот на осветување ќе го изврши Архиепископот г. г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.