Денеска прва седница на новиот парламент

На пладне во салата под Голема купола во Собранието ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав.



Со седницата ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери.

Според дневиот ред на седницата ќе се изврши избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, а потоа ќе бидат верификувани мандатите на пратениците во Собранието.

Трета и четврта точка се избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието и избор на претседател на Собранието.

Функцијата Претседател на Собранието им припаѓа на партиите кои ќе обезбедат мнозинството за формирање влада, процес кој формално почнува денеска, но не може со сигурност да се очекува дека тој ќе биде избран на конститутивната седница.