Денеска протест за смртта на Реџаил Ќерими, осуден за убиство на полицаец

Во 13.30 часот денеска ќе се одржи протестен марш во чест на Реџаил Ќерими, осуден за случајот „Алфа“ кој почина на 27 јануари а пат кон Скопската клиника, откако ноќта му се слошило во затворот „Идризово“.



Протестот ќе започне на плоштадот „Скендербег“ а ќе заврши пред Канцеларијата на ЕУ од каде ќе биде побарана меѓународна истрага за сомнителната смрт, но и истрага за сите други политички монтирани случаи.

Реџаил Ќерими и Агим Ислами во 2010 година беа осудени на доживотен затвор за нападот на полицајците од единицата „Алфи“ на паркингот пред Природно математичкиот факултетот, што беше извршен во ноември 2008 година. На 9 години затвор беше осуден Рамадан Шаќири, како соучесник во делото, а потоа и Алмир Дрпљани на доживотен затвор, откако по бегството беше екстрадиран во Македонија.

Во нападот врз полициските „алфи” беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца негови колеги беа ранети.