Денеска се очеркува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Утре времето ќе биде претежно облачно, а попладне ќе има врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата утре ќе биде од 0 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје и утре времето ќе биде променливо облачно, а попладне со врнежи од дожд.







