Пратка на руската антиковид вакцина „Спутник V“, што Владата ги купи од Русија денеска треба да пристигне на Скопскиот аеродром.
Пратката попладнево ќе ја пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
Како што информираа здравствените власти, вакцините кои се наменети за три илјади граѓани.
Министерот Венко Филипче објасни дека „ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е подготвена“.
Филипче очекува од среда да почне вакцинацијата.
Според него, се очекуваат 200 000 дози од кинеската вакцина кои одредена количина може да дојде за кратко време.
Од „Спутник В“, се очекуваат 200 000 дози или со оние од „Астра Зенека“ вкупно 2.2 милиони вакцини се очекува да стигнат во земјава.






