Денеска помалку од 100 новозаразени од Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека бројот на новозаболени од корона се намалува а денеска има и помалку од 100 новодијагностицирани случаи.



И во болниците има тренд и тој број испишани пациенти е поголем од примените.

„Ако имавме најголема бројка од близу 200 приеми на почетокот на април во текот на вчерашното денонокие бројот е 69. Споредено со најголемата вкупна бројка на хоспитализирани – 1789, сега тој број е околу 1400.

Значи се намалува и бројот на хоспитализирани пациенти, рече министерот.