Легендата на светскиот фудбал Пеле ќе биде погребан денеска во 14 часот по средноевропско врене (10 ч по локално) на церемонија на која ќе присуствуваат само членовите на потесното семејство.



Од понеделникот илјадници фанови на кралот на фудбалот имаа можност да се простат од него на аџилак што се одржа во стадионот Вила Белмиро“ – клупскиот терен на Сантос, каде Пеле помина голем дел од својата кариера.

На поклонението на Пеле во понеделникот присуствуваше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој најави дека ќе побара од секоја земја во светот да именува стадион по името на Пеле.

Погребна поворка ќе го носи ковчегот на Пеле низ улиците на градот Сантос, вклучително и по улицата каде што живее 100-годишната мајка на Пеле, Селест Арантес.

Поворката ќе продолжи до последното почивалиште на Пеле, гробиштата Memorial Necropole Ecumênica, каде што ќе се одржи приватен погреб.

Трикратниот победник на Светскиот куп почина во четвртокот по долготрајна бика со ракот.