Во 11 часот, денеска почнува собраниската седница за избор на новата влада.



Мандатарот Зоран Заев очекува поддршка од сигурни 62 пратеници што го сочинуваат парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ и ДПА.

Новата влада ќе има 20 членови, вклучително со премиерот, наместо досегашните 27.

СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност.

ДУИ во владата ќе има шест члена, а Артан Груби ќе биде „прв“ вицепремиер и министер за политички систем.

По еден министер – за локална самоуправа и за земојделство имаат колаициските партнери од „Можеме“ – ЛДП и Беса.