Денеска почнува летото

Денеска во 16 часот и 57 минути, почнува летото, а во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.



 Денес денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка.

Во Скопје, Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

 На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 35 степени. МИА