Симболичната покана до Украина да започне формални разговори за отворање на пристапните преговори е на врвот на агендата за дводневниот состанок на лидерите а ЕУ во Брисел, заедно со ветувањето од 54 милијарди евра од фондовите на ЕУ за напојување на украинската економија до 2024 година и дополнителни 24 милијарди евра воена помош.
Но, на денешниот важен самит на лидерите на ЕУ, ќе и треба поддршка од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој досега силно се спротивставуваше на напорите на Киев да се приклучи кон ЕУ, како и неговите молби за помош.
„Ние сме гласот на здравиот разум во Европа“, рече Орбан во унгарскиот парламент во пресрет на самитот, додавајќи: „Војната, корупцијата, големиот земјоделски сектор и малтретирањето на унгарското малцинство ја дисквалификуваат Украина од наскоро пристапување во ЕУ. .
Но, унгарското вето може да биде укинато доколку ЕУ ги одмрзне замрзнатите 30 милијарди евра за Унгарија, изјави политичкиот директор на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
Парите за Унгарија се замрзнати од ЕУ поради проблеми со владеењето на правото и прекршување на демократските капацитети.
Иако 26-те земји-членки на ЕУ препорачаа Украина и Молдавија да започнат преговори со Унијата, ситуацијата е неизвесна поради Орбан.
Членовите на Европскиот парламент (ЕП) го повикаа Европскиот совет на состанокот од денеска и утр (14 до 15 декември) да донесе одлука за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија.






