Советот на Европската унија на денешниот состанок во Брисел ќе гласа дали Бугарија, Романија и Хрватска ќе станат дел од зоната за слободно движење.
Речиси извесно е дека Холандија и Австрија ќе бидат против приемот на Бугарија.
Гласањето за Бугарија и Романија е првата точка на средбата на министрите за правда и внатрешни работи. Веднаш потоа е закажано гласањето за Хрватска која се очекува да добие зелено светло за нејзин пристап. Шенген.
Во октомври Европскиот парламент го повика Советот на ЕУ до крајот на годината да гласа за одлука за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната.
Во петокот сепак, стана јасно дека Холандија ќе се спротивстави на влезот на Бугарија во Шенген, но ќе го поддржи членството на Романија и Хрватска.
Според премиерот Марк Руте тоа не знаши „не“, туку „не сега“ .
Подоцна, австрискиот канцелар Карл Нехамер, исто така, рече дека ќе гласа против Бугарија и Романија да влезат во Шенген со образложение дека на двете земји им треба повеќе време за да го решат прашањето за граничните контроли.
Тој синоќа ја потврди одлуката на Виена.







