Од направени 3.477 тестирања, регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Пријавени се вкупно осум починати лица во болнички услови. Починати се по двајца пациенти од Скопје (77, 70) и по еден пациент од Прилеп (72), Кавадарци (73), Охрид (71), Ресен (68), Валандово (66) и Дојран (64).





