Денеска нова пресуда за „Титаник 2“

Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска е закажано изрекувањето на нова пресуда за случајот „Титаник 2“.



Обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, како и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ. Првата пресуда беше изречена на осми март 2019, кога обвинетите беа осудени на затворски казни.

Апелацискиот суд ја укина оваа пресуда и предметот го врати на повторно судење.

Истрагата за овој случај на тогашното Специјално јавно обвинителство почна на 12 февруари 2016, а обвинението беше поднесено на 29 јуни 2017 година.

Мијалков и Тачи се обвинети за договарање за гласање во Државната изборна комисија (ДИК) за приговор поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во Струмица во 2013 година.

Мијалков беше обвинет за примање награда за противзаконито влијание, а другите беа обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања. Мијалков доби три години затвор, Тачи три години и два месеци, четири години и шест месеци доби Ибраими, а останатите членови на ДИК беа осудени на по три години.

Делото за кое се гони Мијалков застарува во април.МКД.Мк